Фудбал - Финале на Лига на шампионите

Какво финале, Јуве - Реал, Џиџи контра Кристијано

02.06.2017 16:04

Кога играат актуелниот против некогашен европски првак, тогаш заедничкото минато е пребогато со бројки, но најважно и за двете екипи е што нема повредени, Пепе оддамна не во конкуренција, па неговото отсуство не е хендикеп, истото важи и за Пјаца.

Двајца великани, со различна елитна судбина, Реал најдобар затоашто е рекордер со 11 титули, Јувентус најмалерозен бидејќи е единствениот со шест загубени финалиња. Кога играат актуелниот против некогашен европски првак, тогаш заедничкото минато е пребогато со бројки, но најважно и за двете екипи е што нема повредени, Пепе оддамна не во конкуренција, па неговото отсуство не е хендикеп, истото важи и за Пјаца.

За Масимо Алегри нема дилеми, составот ќе биде стандардниот, формацијата со четворица одбранбени и по тројца во средината и офанзивата е начинот старата дама прво да го осигура сопствениот гол па потоа да тргне кон третиот пехар. Зинедин Зидан, пак, не открива кој ќе игра, родениот во Кардиф, Бејл кој не е во натпреварувачи ритам или пак, Иско кој е во одлична форма. Ако Велшанецот биде во првиот тим тогаш системот нема да се менува,  4-3-3, спротивно, пак, со шпанскиот репрезентативец има и втора варијанта, 4-4-2 со дијамантска поставеност на средниот ред.

Најубавото во фудбалот што статистиката и традицијата не важат, но, бјанконерите немаат пораз, а ја имаат најдобрата одбрана со само три примени гола. Кралскиот клуб, пак е најефикасен сезонава со 32 погодока и му недостига само уште еден за раритетни 500 во елитното натпреварување. Во 18-те дуели, секој има по осум победи, само два меча завршиле нерешено. Италијанците со задоволство се сеќаваат на полуфиналето пред две сезони, Шпанците, пак, го паметат  триумфот во единственото меѓусебно финале пред 19 години.

Буфон бил светски првак, ама не го прегрнал пехарот со ушите, Кристијано Роналдо со 103 гола  е најдобар стрелец во историјата и во четирите пресметки со Јуве секогаш погодувал. Но, никој не е поголем од Јуве и Реал, па ќе бидат само дел од 62-то финале, 25-то во Лигата на шампионите во којашто никој не ја одбранил титулата.

Од Кардиф, Горан Стерјов