Јубилеј: 10 години Француски филмски фестивал

13.06.2017 16:24

Утре почнува десеттото, јубилејно издание на Францускиот филмски фестивал. Во следниве пет месеци ќе се одржува во десет града. Организаторите најавија разновидна и богата програма.

Филмот „Музиката на Џанго“ со кој се отвори годинашното Берлинале, премиерно ќе биде прикажан и на Францускиот филмски фестивал. Поради деценискиот јубилеј, фестивалот ќе гостува во 10 града низ земјава. Во овој период, биле прикажани околу 100-тина филма, дел од нив добитници на престижни награди во Кан, а 60-тина гости од филмскиот свет имале средба со македонската публика.

Филмската критичарка, Уневска се осврна на француската кинематографија, цитирајќи ја актерката Жулиет Бинож дека моќта на француските филмови е во разновидноста на темите кои се актуелни секогаш.

За следните пет месеци организаторите на Францускиот филмски фестивал најавуваат разновидна и богата програма.

 

Андријана Атанасовска