„Баскерфест“ по 12-ти пат во Скопје

16.06.2017 10:49

Фестивалот ќе биде отворен со над 50-тина баскер изведувачи од светот, акробати, жонглери, танчари, магионичари, кловнови и музичари. За најмладите е подготвено детско катче каде што ќе може да се забавуваат.

Градскиот плоштад „Македонија“ од денеска па во наредните 10 дена традиционално ќе се претвори во театар под отворено небо, а сите посетители ќе имаат можност да уживаат во возбудливи точки.

Фестивалот ќе биде отворен со над 50-тина баскер изведувачи од светот, акробати, жонглери, танчари, магионичари, кловнови и музичари. За најмладите е подготвено детско катче каде што ќе може да се забавуваат.

Покрај богатата програма, на плоштадот ќе биде поставено и дрво на среќата, каде што секој посетител ќе може да закачи порака со среќна и позитивна мисла.

Годинава новина е што за прв пат ќе има шоу со балони, како и интересен спектакл на група музичари со ударни инструменти од Романија и повеќе циркуски настапи.

За организирањето на годинашниот фестивал градот Скопје издвои милион и 200-те илјади денари.