Предлогот за разрешување на Зврлевски испратен до Собранието

19.06.2017 12:01

Постапката за смена на Зврлевски владата ја иницираше на 6-ти јуни, со образложение за несовесно и ненавремено извршување на функцијата. Минатата недела, Советот на јавни обвинители со мнозинство гласови го прифати владиниот предлог за разрешување на Зврлевски.

Предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски е потпишан од генералниот секретар Драги Рашковски и е испратен до Собранието.

Постапката за смена на Зврлевски владата ја иницираше на 6-ти јуни, со образложение за несовесно и ненавремено извршување на функцијата. Минатата недела, Советот на јавни обвинители со мнозинство гласови го прифати владиниот предлог за разрешување на Зврлевски.

Спикерот Талат Џафери треба да закаже собраниска седница на која ќе се разгледува предлог одлуката. Според законот, Зврлевски има право да присуствува на седницата на која пратениците ќе расправаат за разрешувањето и да се произнесе по владиниот предлог.