Показна вежба на Средната пешадиска баталјонска борбена група на АРМ

19.06.2017 14:33

Пред врховниот командант и началникот на генералштабот, прикажани постапките, мерките и процедурите што ги извршуваат припадниците на Армијата во извршувањето на задачите на командното место. Најголемата армиска единица, Средната пешадиска баталјонска борбена група на последното оценување според стандардите на НАТО доби највисоки оценки.

Најголемата единица на Армијата на Република Македонија, Средната пешадиска баталјонска борбена група пред врховниот командант Иванов и началникот на генерал- штабот со показна вежба за начинот и постапките во тактичките оперативни центри. Оваа декларирана единица и за учество во мировни операции, веќе еднаш беше оценета според стандардите на НАТО со највисоки оценки.

„Денешниот настан е со цел да ги потврдиме подготвеноста, начинот и постапките кои нашите припадници ги прават во тактичките оперативни центри овде. Како и на истурено место надвор од касарната, во село Катланово, каде беа прикажани кои се се постапките и на кој начин се реагира во случај на изведување на вежбата“, изјави потполковник Тони Јаневски, портпарол на АРМ.  

Средната пешадиска баталјонска борбена група на АРМ кон крајот на септември и почетокот на октомври годинава на армискиот полигон Криволак ќе биде реоценувана согласно со концептот на оперативните способности на НАТО- ниво 2. Денешната показна вежба беше и како дел од одбележувањето на 25 години од формирањето на Македонската Армија.

 

Наташа Гркова- Петрушевска