Жестока расправа во Комисијата за економски прашања

19.06.2017 16:04

Жестока расправа во собраниската Комисија за економски прашања. На дневен ред- извештајот за работата на Регулаторната комисија за енергетика. Во фокусот либерализацијата и независноста на ова тело...

Жолчна дискусија меѓу власта и опозицијата предизвика извештајот за работата на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за минатата година, кој беше прва точка на дневниот ред на матичната Комисија за економски прашања.

Топката брзо се префрли на темите за либерализација на пазарот на електрична енергија и за топлинската енергија. Членовите од СДСМ ја оспорија независноста на Регулаторната комисија на енергетика, која според нив работела за интересите на досегашната власт.

СДСМ со став дека пролонгирањето на либерализацијата ги оневозможило граѓаните да набавуваат струја по пониски цени, го оспори претседателот на Регулаторна Петров. Искуството од другите земји покажува дека струјата поскапела за домаќинствата, додека кај нас големите потрошувачи добиле пониски цени благодарение на промените во тарифниците.

Опозицијата со реплика- СДСМ да одлучи дали е во опозиција или е на власт и го повика мнозинството да понуди законски измени доколку сака промени.

Во сенка на жолчните реплики и бројните контрареплики на пратениците мина презентацијата на 141 страница од Извештајот на Регулаторната комисија за енергетика.

 

Свето Николовски