МНТ со „Животот е прекрасен“ апсолутен победник на фестивалот во Загреб

22.06.2017 13:20

Претставата „Животот е прекрасен“ во режија на Александар Морфов ја освои гран- при наградата на 41- то издание во конкуренција на 15 претстави од Италија, Германија, Хрватска, Словенија, Црна Гора и Србија.

Македонскиот Народен Театар е апсолутен победник на фестивалот „Денови на сатира“ во Загреб. Претставата „Животот е прекрасен“ во режија на Александар Морфов ја освои гран- при наградата на 41- то издание во конкуренција на 15 претстави од Италија, Германија, Хрватска, Словенија, Црна Гора и Србија.

Покрај наградата за најдобра претстава, МНТ ги освои главните признанија на фестивалот. Никола Ристановски е добитник на наградата за најдобра машка, а Николина Кујача за најдобра женска улога.