Реформите се од интерес на граѓаните, потребни се резултати

27.06.2017 15:22

Ексклузивно интервју со еврокомесарот Јоханес Хан. Анализа на итните реформски приоритети, евроинтеграциите, домашната политичка ситуација. Катерина Топалова разговараше со еврокомесарот...

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан во ексклузивното интервју за Македонската Радио- телевизија порача по разговорот со владините претставници, како и со лидерите на политичките партии, имало разбирање за фокусирање на земјава на итните реформи за евроатлантските перспективи. Тој смета- има добро расположение и дух во земјава кон нејзината иднина. Има и силна посветеност за реализација на акцискиот план. Хан оцени дека ова треба да ја вклучува и неопходната работа во Собранието, со учество на сите лица од политичката сцена и граѓанското општество. Потребно е да се покажат реформи, вели Хан.

На прашањето дали Македонија ќе стане членка на на НАТО, ако претходно проблемот со името не е решен како што тврдат во Брисел, Хан со порака- тоа зависи од Алијансата. Сепак сите, како и соседите, имаат интерес да почнат преговори со Унијата. Ова коинцидира и со потпишувањето на договор меѓу Македонија и Бугарија во пресрет на шестмесечното претседавање на Софија со Унијата.

Во интервјуто за МРТ, Хан зборува и за советодавната улога на германскиот експерт Прибе, од чијшто извештај со препораки од 2015-та година произлегоа итните реформски приоритети. Според него, тој ја предводи групата правни стручњаци за реформи на правосудниот систем. Тие не треба да се попречуваат во земјава, смета еврокомесарот, што придонесува за приспособување на домашната легислатива во законодавството на Унијата.

Ексклузивното интервју со еврокомесарот Хан може да го погледнете на следниот ЛИНК