Австралиската министерка за надворешни работи во посета на Македонија

11.07.2017 09:52

Австралиската министерка Бишоп, најави македонското МНР, ќе има тет а тет средба со својот домаќин министерот Никола Димитров, по што се предвидени пленарни разговори помеѓу делегациите на министерстватa за надворешни работи на Македонија и Австралија.

Министерката за надворешни работи на Австралија  Џули Бишоп денеска престојува во официјална посета на  Македонија.

Австралиската министерка Бишоп, најави македонското МНР, ќе има тет а тет средба со својот домаќин министерот Никола Димитров, по што се предвидени пленарни разговори помеѓу делегациите на министерстватa за надворешни работи на Македонија и Австралија.

Како што најави собраниската служба за информирање, шефот на австралиската дипломатија попладне ќе има средба со претседателот на Собранието Талат Џафери.