Почнува изградбата на фабриката на ВИК во ТИРЗ Прилеп

11.07.2017 10:01

Инвестицијата е на германската групација ВИК којашто во новиот капацитет, според првичните најави, треба да вложи 12 милиони евра. За првата година се најавени 400 вработувања, а за две години околу илјада.

Во технолошко-индустриската развојна зона во Прилеп денеска ќе почне да се гради фабрика за производство на електрични апарати за домаќинство „ВИК Македонија“.

Инвестицијата е на германската групација ВИК којашто во новиот капацитет, според првичните најави, треба да вложи 12 милиони евра. За првата година се најавени 400 вработувања, а за две години околу илјада.

ВИК е семејна германска компанија за производство на електрични апарати со седиште во Есен и во Хонг Конг, каде се стационирани центрите за иновации, дизајн и развој. Основана е во педесеттите години, а веќе има производствени капацитети во Кина и во Индонезија. Компанијата има шест илјади вработени со 350 инженери.