Младите ракометари шеста сила во светот

01.08.2017 13:19

Македонската младинска ракометна репрезентација го освои 6-тото место на светското првенство во Алжир. Ова е досега најдобар пласман што го остварила која било македонска репрезентација на светските првенства. Честитки од претседателот Иванов за ракометарите и за стручниот штаб.

Од Алжир, младите ракометари се враќаат како шеста сила во светот. Направивме историски успех за Македонија и се надеваме дека секој ќе се гордее со тоа што направивме за оваа земја, велат членовите на Македонската ракометна репрезентација за играчи до 21 година. Според нив, секогаш може подобро.

Селекторот Темелковски вели дека се горди што зад нив оставиле многу светски ракометни репрезентации како Норвешка, Исланд, Шведска, Хрватска, Словенија.

Членовите на Македонската ракометна репрезентација беа на прием кај претседателот Ѓорге Иванов.

Освоеното шесто место во светот досега е најдобар мундијалски пласман на која било македонска репрезентација.

Ана Јосифоска- Тодоровска