Манчестер пристигнува во 12:55, Реал во Скопје слетува во 13:35 часот

07.08.2017 12:45

На Националната арена „Филип Втори“ утре од 20:45 часот ќе се игра УЕФА Супер куп натпревраот во кој ќе се сретнат актуелниот европски шампион Реал Мадрид и победникот во Лига Европа англискиот Манчестер Јунајтед.

Главниот град на Република Македонија, Скопје, денеска и утре ќе биде во фокусот на вниманието на светската фудбалска јавност.
 
На Националната арена „Филип Втори“ утре од 20:45 часот ќе се игра УЕФА Супер куп натпревраот во кој ќе се сретнат актуелниот европски шампион Реал Мадрид и победникот во Лига Европа англискиот Манчестер Јунајтед.
 
Тоа се два од ТОП трите најбогати и најпопуларни екипи во светот, заедно со шпанската Барселона.
 
Според планираното, прва во Скопје ќе пристигне експедицијата од Манчестер Јунајтед. Англичаните треба да слетаат на аеродромот „Александар Велики“ околу 13 часот. Нешто повеќе од половина час подоцна, таму треба да се појави и актуелниот европски првак Реал Мадрид.
 
Токму затоа и разбирливиот голем интерес на љубителите на фудбалот за овој спектакуларен дуел на гигантите кои и во Македонија имаат голем број на свои „фанови“.
 
И не само нивните поддржувачи и навивачи туку и останатите љубители на фудбалот секако ќе се обидат да стигнат до големите ѕвезди од Реал и Манчестер.
 
Веднаш по нивното доаѓање и двата тима ќе бидат спроведени до своите хотели, кои ќе бидат под силно полициски обезбедување. Тимот на Манчестер Јунајтед ќе престојува во хотелот „ТЦЦ Плаза“, а фудбалерите на Реал Мадрид во „Александар Палас“.
 
Во попладневните часови и двата тима ќе го имаат својот тренинг. Прв на тревникот на арената „Филип Втори“ во 17.30 часот ќе излези тимот на Жозе Мурињо, а екипата на Зинедин Зидан ќе тренира од 19.30 часот.