Музичко-кабаретска вечер на програмата на „Охридско лето“

11.08.2017 12:09

Во „Света Софија“ од 20 часот и 30 минути настапува ансамблот „Mаскерина“ од Франција којшто обединува музичари чиј основен интерес е барокната музика. Потоа, во 22 часот настапува кабаре „Зборувај тивко“ со дела од композиторот Курт Вајл...

Вечерва на репертоарот на „Oхридско лето“ се два концерта. Ќе се одржат во црквата „Света Софија“. Од 20 часот и 30 минути настапува ансамблот „Mаскерина“ од Франција којшто обединува музичари чиј основен интерес е барокната музика.

Потоа, во 22 часот настапува кабаре „Зборувај тивко“ со дела од композиторот Курт Вајл. Кабарето го сочинуваат сопранистката Тијана Ѓуричиќ од Србија, пијанистката Ирина Наумовска од Македонија и српскиот хармоникаш Александар Будимир, а е обликувано за да ги претстави сите фази на творештвото на Вајл.