ЕК свикува вонреден состанок поради скандалот со контаминирани јајца

11.08.2017 12:34

Еврокомесарот за здравство, Витенис Андри-Ука-Јитис, вели дека сака да стави крај на обвинувањата меѓу Холандија, Белгија и Германија за тоа кој е одговорен за предизвикување паника поради откриениот фипронил во јајцата во најмалку 11 земји-членки.

Европската комисија свикува вонреден состанок на министрите и на агенциите за безбедност на храната поради скандалот со контаминираните јајца со инсектициди.

Еврокомесарот за здравство, Витенис Андри-Ука-Јитис, вели дека сака да стави крај на обвинувањата меѓу Холандија, Белгија и Германија за тоа кој е одговорен за предизвикување паника поради откриениот фипронил во јајцата во најмалку 11 земји-членки.

Се работи за хемикалија која може да биде штетна за луѓето. Милион јајца и производи на база на јајца досега се повлечени од продажба.