Тропските температури штетни за земјоделството

11.08.2017 14:40

Не попушта топлото време. Сончево и топло со температура до 40 степени. Освежување се очекува утре попладне, а в недела и пад на температурата од 10 степени целзиусови. Агрометеоролозите ги повикаа земјоделците- користете ги капацитетите за наводнување...

Тропските температури околу и над 40 степени се штетни за земјоделството. Агрометеоролозите со апел до сите земјоделци да ги користат сите максимуми за наводнување за да се спаси родот. Сушата е најголем проблем за пролетните култури – пченката и сончогледот.

Метеоролозите за овој викенд најавуваат пад на температурата со пороен дожд, грмежи и ветар.

Од понеделник се очекува постепен раст на температурата. Метереолозите велат иако ќе биде висока, во втората половина од нареднтата семдмица не се очекува да се искачи до и над 40 тиот степен како во изминатиот период.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска