Расправа за разрешување на обвинителот Зврлевски

11.08.2017 15:14

Што сака да се постигне со седницата за разрешувањето на обвинителот Зврлевски, ВМРО-ДПМНЕ праша во Собранието- дали за тоа се кријат суштинските промени што ја засегаат уставноста на земјата. Тој што направил криминал ќе оди во затвор- порачаа од СДСМ. Денешната седница во Законодавниот дом не мина без тензии...

Законот е јасен, јавниот обвинител Зврлевски не може да биде разрешен од фунцијата се до крај на изборите, но мнозинството со него го одвлекува вниманието од суштински теми како што се Договорот со Бугарија, Законот за двојазичност и пожарите во земјава- рекоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на новото продолжение од расправата за разрешување на обвинителот Зврлевски.

Тензија меѓу пратениците крена репликата на независниот Павле Богоевски.

Со само 20-тина пратеници од мнозинството во собраниската сала, ВМРО-ДПМНЕ бараше да не се расправа за смената на Зврлевски, но тоа не го прифати спикерот Џафери. Процедурално се разговараше и на повисок тон.

Собраниската расправа за смена на јавниот обвинител се води од минатиот месец, во осум продолженија.

 

Миле Ристевски