„Супер Скопје“ во наредните четири викенди

14.08.2017 16:45

По Супер купот, следува „Супер- Скопје“. Во наредните четири викенди, на четири различни локации, концерти во главниот град. Надлежните велат- ќе има музика за сечиј вкус.

Во наредните четири петоци и саботи на различни локации низ главниот град ќе се одржува новата музичка манифестација „Супер Скопје“. Забавите ќе почнуваат во 21 часот, а за секој нареден викенд локацијата ќе биде различна: Кеј 13 Ноевмри, Стара скопска чаршија, улица Македонија и Боемската улица во Дебар Маало.

Овој петок (18 август) на Кеј 13 Ноември ќе настапи Сергеј Четковиќ, а наредниот ден „Бајага и инструктори“.

Наредниот петок и сабота во чаршијата ќе настапат: Трикс, Гоца Тржан, Цена и Гоце САФ (25 август на плоштадот Скендербег) и Офкестра, Фанки Гуру, Енерџи бенд и Фиц - Студени нозе (26 август на плоштадот пред „Свети Спас“).

На 1-ви и 2-ри септември забавата ќе се организира на улица „Македонија“ каде ќе настапат: диџеј Баже од Антена 5, Ај Кју и Каролина Гочева (1 септември) и диџеј Дела, Тамара Тодевска и Нокаут со специјални гости – Игор Џамбазов и Гуру Харе ( 2 септември).

Забавата во последните петок и сабота од првата манифестација „Супер Скопје“ ќе биде на Боемската улица во Дебар Маало, каде се најавени настапи на Влатко Илиевски, Синтезис и Фолтин (8 септември) и на Нино Величковски и Тамбураши, Љубојна и Џамбо Агушев оркестар (9 септември).

Организатор на „Супер Скопје“ е ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“, а за реализацијата се задолжени од  „Горила Вајлд ентертејмент груп“.