Лешоски се повлече од Струшките вечери на поезијата

16.08.2017 13:05

Поетот Лешоски изјави дека е отворен за секаква помош кон враќањето на некогашната слава на оваа манифестација.

Дарко Лешоски се откажува од претседателствувањето со Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата. Лешоски изјави дека е отворен за секаква помош кон враќањето на некогашната слава на оваа манифестација.

„Ги слушнав сите мислења и сите ги почитувам. Се повлекувам и се откажувам од претседателствувањето со Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата. Се заблагодарувам на укажаната доверба и останувам посветен на мојот примарен ангажман во сервисот за односи со јавност на Владата. Ова нека биде почеток на една поинаква демократска практика“, вели поетот Лешоски.