Шелева претседател на УО на СВП, Димковска и Дурацовски членови

21.08.2017 13:31

Одлуката ја донел министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски, а членовите и претседателот на Управниот одбор на СВП се именувани од редот на истакнати уметници и културни работници.

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски ја донесе одлуката за именување членови на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата. Функцијата претседател ќе ја врши Елизабета Шелева, редовен професор на катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолишкиот факултет.

Во одборот ќе членуваат и Лидија Димковска- поетеса, писател, есеист и преведувач, како и и Димитрие Дурацоски, писател и сликар од Струга.

Струшките вечери на поезијата и пред одржувањето беа во фокусот на јавноста поради именувањето на поетот Дарко Лешоски за претседател на Управниот одбор, кој по лавината критики се повлече од функцијата.