Игран филм

БЕГАЛЕЦ

Среда (07.02.2018) 23:10
САД, 2011

Режија:  Кемпион Марфи
Улоги: Доминик Пурсл, Кристин Еванџелиста, Мелиса Ордвеј
Жанр: трилер/хорор

Филмот се базира врз вистински настани кои се случиле во Луизијана, во една локална душевна болница. За време на нејзината обиколка низ болницата, младата докторка Аби доживува непријатна средба со опасниот пациент Хармон. Пореметениот пациент започнува да ја следи Аби и таа му станува опсесија. Во меѓувреме, Аби и нејзината цимерка Лин разговараат со полицаецот Картер Томас кој ги предупредува за потенцијална опасност. Дали ќе може тој да ги заштити од разгневениот Хармон?