Игран филм

ВОЛК

Петок (15.09.2017) 21:00
ЦИКЛУС ФИЛМОВИ ОД СВЕТСКА КИНЕМАТОГРАФИЈА

Арапски филм, 2015

Режија: Наџи Абу Новар
Улоги: Јашир Ед Ал-Хветат, Хусеин Саламех Ал Свејлен, Џек Фокс
Жанр: трилер/ драма/ авантура

Дејството на филмот се одвива во Арапската пустина Хиџаш, каде за време на Првата светска војна во  1916 година, едно бедуинско момче се соочува со брзо созревање по смртта на неговиот татко. „Волк“ сфаќа дека неговиот вообичаен бедуински живот е разнишан со доаѓањето на еден офицер на британската војска, кој е на тајна задача. Постариот брат на „Волк“, Хусеин, се согласува да му биде придружба на еден офицер за време на едно опасно патување низ пустината, каде „Волк“, кој сеуште е само дете, мора да покаже дека е дораснат на името кое го носи и да научи многу нешта за созревањето, довербата и предавството.
Филмот е номиниран за Оскар во категоријата за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.