Собрание

Законот за употреба на јазиците ја крена тензијата на пленарната седница

13.09.2017 16:42

Спикерот Џафери не го прифати барањето на опозицијата за еден час пауза, а го стави на гласање дневниот ред. ВМРО-ДПМНЕ побара актот да биде тргнат поради, како што велат, низа прекршувања на Уставот. Побараа јавна расправа и усогласување со Уставот и Рамковниот договор...

Метеж пред собранискиот спикер Талат Џафери откако тој не го прифати барањето на опозицијата за еден час пауза, а во меѓувреме го стави на гласање дневниот ред на седницата на која е и Законот за употреба на јазиците.

Џафери со објаснување. Пратениците на опозицијата бараа, но мнозинството не прифати законот да биде тргнат од дневниот ред поради, како што велат, низа прекршувања на Уставот.

„Во законот нема показател со кој европски акт се усогласува законот“, велат во ВМРО-ДПМНЕ, кои сметаат Македонија јазично ќе се федерализира, а општеството ќе се подели.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат јавна расправа за Законот за јазици и усогласување со Уставот и Рамковниот договор.

 

Миле Ристески