Париз ќе биде домаќин на Олимписките игри во 2024 година

14.09.2017 12:36

Истовремено, на Лос Анџелес му беше доверена организацијата на Летните олимписки игри во 2028 година.

Париз е официјално назначен за домаќин на Олимписките игри во 2024 година на 131-та седница на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) во Лима, Перу.

Истовремено, на Лос Анџелес му беше доверена организацијата на Летните олимписки игри во 2028 година.

Париз третпат ќе биде домаќин на олимпијадата по 1900 и 1924 година.