Министерот Алаѓозовски со отчет за сработеното во првите 100 дена

18.09.2017 15:57

Проектот „Скопје 2014“ е како вирус и најпрво треба да биде ставен во карантин. Министерот за култура Алаѓозовски вака ја објаснува состојбата со, како што вели, проектот кој непотребно зеде народни пари...

Јазикот и културниот идентитет се најважни приоритети во културната политика на новата Влада. Во првите сто дена се отпочнати процеси за измени на Законот за употреба на македонскиот јазик и се преземени интензивни активности во заштитата на културното наследство.

Во повеќе институции се решава проблемот со запуштена инфраструктура или нестручна реставрација, како што е утврдено во црквата во Курбиново и во манастирот Трескавец. Меѓу приоритетите на Министерството за култура е и измена и дополнувања на Законот за авторски и сродни права. „Скопје 2014“ како што кажа Алаѓозовски, е вирус кој треба да се стави во карантин.

Институциите ќе се ослободат од директни партиски влијанија, истакна Алаѓозовски, ќе бидат отворени, партиципативни и инклузивни. Ќе се спречуваат опструкции и ќе се озвозможат услови за откривање незаконитости и злоупотреби, а ќе се подобрат, како што рече и очајните услови за работа.

„Култура за сите“ е нашиот главен мотив , го потврдуваат тоа и резултатите со првиот конкурс за „Нов културен бран“, рече министерот. Подготвен е првиот нацрт на стратегијата за културен развој за наредните пет години.

 

Александра Спировска