„Папагалот Историко“ - премиерно во Драмски театар

21.09.2017 14:25

На 23-ти септември на сцената на Драмски театар, премиера на претставата „Папагалот Историко“, драматизација на романот „Монументи на глупоста“ од Љубиша Георгиевски...

„Папагалот Историко“ е драматизација на романот „Монументи на глупоста“ од Љубиша Георгиевски. Оценете сами, вели авторот Сашко Насев- ни треба уметнички театар или не, прашањето е сега. Не сомневајте се во својот одговор, затоа што господари на тајните и лажната вистина се оние кои повторуваат како папагали. А ние сме луѓе! Автори и гледачи. Ние сме луѓе, со големо л.

Претставата „Папагалот Историко“ е еден вид историски пресек на епохата на југословенскиот социјалистички поредок со сѐ слободата што дојде потоа, велат од Драмски. Актерската екипа е спој на младоста и искуството.

Ние веруваме во судот на гледачот. Во неговата интима со актерот, во неговата свесност дека нешто ги облагородува неговите чувства додека го гледа делото, вели авторот Насев.

 

Александра Спировска