Стефановски и Шериф - добитници на наградата „11 Октомври“ за 2017

26.09.2017 14:00

Одлуката ја донесе Одборот за доделување на наградата „11 Октомври“ под претседателство на академик Митко Маџунков...

Музичкиот уметник Влатко Стефановски и историчарот, проф. д-р Амет Шериф се годинашните добитници на државната награда „11 Октомври“ за животно дело.  

Одлуката ја донесе Одборот за доделување на наградата „11 Октомври“ под претседателство на академик Митко Маџунков.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11-ти октомври 2017 година во 12 часот во Собранието на Република Македонија.