Успешен ракометен викенд

04.11.2013 13:11

Уште еден викенд мина со за нас повторна констатација на успешно завршена ракометна работа, повторно кошаркарско разочарување и домашен фудбал со понатамошна неизвесност

ЕХФ понудената недела за одмор клупски, активно репрезентативно. За Македноската машка ракометна чета во знакот на успешна мини контрола против Црна Гора со која одигравме во два дена на два пати, со минимален пораз и со сигурен триумф, што дава една позитивна нишка пред некаде еден месец до повторен заеднички собир, за сериозноста која престои и која се вика европски шампионат, а која не чека за дваипол месеци во Данска. Дотогаш Лазаров и дружината се враќаат на клубските обврски голем дел во пеколното континентално јато, каде до 1 декември ќе треба да се одработат уште три елитни кола, почнувајќи од петок кога на мегдан во престижот ги гледаме едни против други лутите балкански ривали Вардар и Металург.

Шампионска четврта успешна епизода реализираа ракометарките на Вардар СЦБТ на гости во Загреб кај Подравка, понижувајќи ги своите домаќинки со декласирачки крај, изразен со 16 позитива во полза на македонските шампионки, кои сеуште го држат истиот чекор, лидерскиот, со норвешки Ларвик во Д групата.

Кошаркарскиот Македонски првак, МЗТ Скопје Аеродром ни приреди уште едно разочарување овојпат во регионалната авантура со што севкупно со Европските представување се нанижаа 6 порази во низ. Маката викендов ги снајде Аеродромци во Смедерево кај Мега Визура новот пријатно АБА изненадување. Сега МЗТ паѓа во долниот дел од табелата на 11 место со 4 порази и три победи. Дали конечно ќе се прекине црната серија за Мак шампионот, дознаваме за два дена кога во рамките на евро купот во 4-тата рунда доаѓа на гости во Скопје Естонски Талин кој исто како и МЗТ во трите натпревари има негативен биланс.

Домашниот фудбалски шампионат сеуште ја држи тензијата на неизвесност што конечно, ако не повеќе табеларно и резултаски е интересен. Вардарци остануваат на врвот трето коло со ред, Работнички втори. Пад забележаа Турново и Ренова на 4-тото односно 5-тото место од второто, но тоа и не е така страшно ако се земе в предвид дека од лидерот до 7-мо пласираната Брегалница бодовната разлика е само пет, а 8-миот има само три минус од Штипјани.

Каи лудите брзини од поодамна се е јасно, Ф1 шампионатот Фетел го држи во свој раце не давајќи никој да му се вмеша во супериорноста, па така и гран прито во Абу Даби му припадна на германецот. Ф1 караванот неделава се сели во Америка каде викендов ќе се вози 20-тата трка од календарот за 2014-та од севкупно 22.

Тенискиот свет ужива во супер завршница на годината во која борбата за АТП врвот ќе биде до последно или до завршницата во Лондон, каде веќе неделава ја почнуваат најдобрите 8 со исклучок на Енди Мареј. Но, погледите ќе бидат насочени на двобојот Надал-Ѓоковиќ, чија бодовна разликата на светската тениска скала се сведе на минимум, по триумфот на Џокович на последната 1000-ка во Париз каде Србинот стигна до 200-тката на мастерс победи или 40-та титула во кариерата.