Касами: Поддршка за бизнисите и отворање нови работни места

12.10.2017 16:03

Движењето БЕСА вечер на средби со граѓани во Гостивар откако се претстави во скопската општина Сарај. Партијата вети економски развиена локална самоуправа и домаќинско работење.

Движењето БЕСА ги промовираше кандидатот за градоначалник и листата на советници во скопски Сарај. Лидерот на Беса, Биљал Касами во своето обраќање рече дека ќе дадат максимална поддршка на бизнисите во општината. Срамота е што досега локалната и централната власт не воделе смтека за економскиот развој на општината – изјави Касами. 

„Ние сме тука за да ги подржиме бизнисите кои имаат капацитет да бидат успешни, не само на македонскиот, туку и на европскиот пазар. Незаинтересираноста да им се помогне на овие компании, незинтересираноста да им се дадат поволности и да се привлечат инвестиции го донесоа Сарај на нивото на кое е денес. Но, доколку се инвестира, доколку се развиваат бизнисите и се отвораат нови ќе има работа за сите и преспектива за младите. Сарај има природен капитал, има природно богатство, затоа ви ветувам дека доколку наш кадар ја води општината таа ќе биде економски развиена и ќе има висока стапка на вработеност“, рече Касами.

Кандидатот за градоначалник на Сарај, Башким Бакију ја промовиираше предизборната програма.

„Ќе вложам максимални напори за подобрување на квалитетот на образованието во училиштата, во борбата против непотизмот и политизацијата на училиштата. Природните ресурси ќе се претворат во генератори на економскиот раст, ќе се грижиме за привлекување странски инвестиции за да се обезбеди одржлив локален развој. Ќе вложуваме во инфраструктурата, ќе го потикнеме развојот на граѓанскиот сектор, со пари од европските фондови ќе ги реализираме нашите проекти“, изјави Бакију.

Од движењето БЕСА пред присутните рекоа дека на општина Сарај  ѝ треба градоначалник со кој ќе се фалат сите, а не со кој ќе се срамат граѓаните. На општината Сарај и треба градоначалник кој знае како да направи промена, а не градоначалник кој ќе деградира по било која основа, градоначалник кој носи надеж и ќе ги обедини граѓаните – беше речено на митингот на Беса во Сарај. 

 

Наташа Јанчиќ