Играна серија

СЕНКИ НАД БАЛКАНОТ/ СЕНКЕ НАД БАЛКАНОМ/ BLACK SUN

Недела (10.12.2017) 22:00

Играната серија „Сенки над Балканот“ е извонредна политичка трилер драма, со елементи на мистика. Актерите се избирани од трите земји каде што е снимана серијата: Србија, Македонија и Русија, значи плеада на интернационални актери. Во серијата има спој меѓу фикција и историски настани од 20-тите години на минатиот век за Балканот како крстосница на политика, интерес и капитал... Инаку, се работи за продукција која потсетува на најдобрите современи светски серии, и веќе ја освои публиката од Балканот. Во серијата провејува постмодернистичка комбинација на трилер и драма, спој на фикција и историски настани, но се среќаваме и со многу автентични ликови.

Актерот Драган Бјелогрлиќ во оваа серија го среќаваме во тројна улога: како режисер, главна улога и како продуцент. Покрај режијата на Драган БЈЕЛОГРЛИЌ, во серијалот како режисери се јавуваат и: Коста ЃОРЃЕВИЌ, Срѓан СПАСИЌ, Мирослав ЛЕКИЌ, Данило БЕЌКОВИЌ, Иван ЖИВКОВИЌ и Игор ИВАНОВ. 

Како сценаристи, покрај Драган БЈЕЛОГРЛИЌ се јавуваат и: Даница ПАЈОВИЌ, Дејан СТОЈИЉКОВИЌ и Владимир КЕЦМАНОВИЌ. Композитор е повторно МАЊИФИКО, како и во претходниот серијал „Монтевидео, бог те видел“.

Кинематографер е Иван КОСТИЌ;

Монтажата е на Лазар ПРЕДОЈЕВ, сценограф Горан ЈОКСИМОВИЌ, костимограф Борис ЧАКШИРАН, а шминката е на Дубравка ВУКСАНОВИЌ.

Главните улоги ги толкуваат: Драган БЈЕЛОГРЛИЌ, Андрија КУЗМАНОВИЌ, Марија БЕРГАМ, Тони МИХАЈЛОВСКИ, Петар АРСОВСКИ, а во останатите улоги се појавуваат: Јана СТОЈАНОВСКА, Горан КИЧИЌ, Виктор САВИЌ, Милош ТИМОТИЈЕВИЌ, Тамара КРЦУНОВИЌ, Николај ШЕСТАК, Алексеј СОЛОНЧЕВ, Жарко ЛАУШЕВИЌ, Никола РИСТАНОВСКИ, Петар МИРЧЕВСКИ, Аксел МЕХМЕТ, Дениз АБДУЛА, Горан БОГДАН, Срѓан Жика ТОДОРОВИЌ, Ненад ЈЕЗДИЌ, Никола ЃУРИЧКО.

ТВ серијата „Сенки над Балканот“ се снимала во периодот од октомври 2016 до мај 2017 година, главно во Србија, филмското студио Баранда и во Македонија, на локации во преспанско - битолскиот регион. Направена е како интернационална копродукција меѓу Кобра Филм (SRB), Искра (RUS) и Скопје Филм Студио (MKD), во соработка со Радиотелевизија Србија, Радиотелевизија Српска Република и Македонска радиотелевизија, и со поддршка од Агенцијата за филм на Република Македонија. Извршен продуцент е Горан БЈЕЛОГРЛИЌ, копродуценти Томи САЛКОВСКИ и Сталбек МИШАЛКОВ.

6. епизода
Авакумовиќ го посетува Мустафа Голубиќ и му раскажува за Маја и фотографиите. Плетикосиќ оди кај убавата Маре, но за прв пат наидува на заклучен и празен дом. Претходно, Ставро ја зашеметил и ја однел надвор од градот кај „богати муштерии“. Таинствената госпоѓица која Македонците ја превезуваат, излегува на контролниот пункт кај Врање и ги убива сите присутни војници. Војин Ѓукиќ му го дава ѓерданот на генерал Врангел, кој му ветува вечна благодарност и му се жали на состојбата во Русија. Тане и Станко одат кај Рајс, кој им раскажува за потеклото на ѓерданот. Рајс смета дека сликарот Аврам е дел од една тајна, окултна организација на моќници кои дејствуваат од сенка.