„Кога денот немаше име“ и во Македонија

13.10.2017 14:41

По премиерното прикажување на повеќе светски фестивали, и на „Браќа Манаки“, филмот „Кога денот немаше име“, во режија на Теона Стругар- Митевска, на репертоарот и во Македонија. „Кога денот немаше име“ по „Пред дождот“, по две децении е првиот македонски филм што е продаден во Кина...

Филмот ги обработува проблемите на младата генерација и меѓуетничките тензии. Режисерката вели- кога се гледам себе си, мислам дека е моја должност да одам пред тековите на општеството и да ги поставувам вистинските прашања во однос на некои есенцијални проблеми кои се однесуваат на сите нас.

Филмот е инспириран од трагичниот настан кај Смилковско Езеро, но не го отсликува на никој начин вистинскиот живот на тие млади луѓе. За мене трагедијата беше почетна точка да навлезам подлабоко во суштината и да се прашам, како како општество сме дозволиле да стигнеме  до тој стадиум“, изјави на денешната прес-конференција режисерката на филмот, Теона Стругар- Митевска.

Улогата што ја толкува младиот Стефан, вели дека е целосна спротивност на неговиот карактер, но била и предизвик да се одигра.

Филмот „Кога денот немаше име“ е копродукција со „Вертиго“ од Словенија и „Ентре Шиен е Луп“ од Белгија. 

Александра Спировска