22 годишен од кичевско Зајас изрешетан со куршуми на паркинг

04.11.2013 13:44

Момчето било донесено во медицинскиот центар во Кичево синоќа околу 22 часот

Момчето било донесено  во  медицинскиот центар во Кичево синоќа околу 22 часот. 22-годишниот имал прострелни рани во пределот на потколеницата. Момчето било изрешетано со куршуми на паркинг во атарот на селото Кнежино.  Поради сериозноста на повредите момчето било веднаш пренесено во Ургентниот центар во Скопје. Полицијата ги открива деталите.
Наташа Гркова Петрушевска