Десет години без Тоше

16.10.2017 17:03

Македонија се сеќава на Тоше Проески. Изминаа 10 години од трагичната сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, во која музичката ѕвезда го загуби животот. Маратонците пристигнаа во Крушево. Наскоро и нов албум со песни на Тоше...

Десет години без Тоше, но секогаш со неговите песни и споменот. Фановите од целиот балкан денеска и оддадоа почит на македонската и балканска музичка ѕвезда на неговото вечно почивалите на Гумење.

Емоциите за Тоше непресушни. Дванаесет маратонци од Нова Градишка, Хрватска пристигнаа на Гумење.

Во спомен куќата на Тоше учениците од крушевските училишта и студентите од Штип, цртаа и пееја во чест на Тоше.

Фонацијата на Тоше Проески најавува нов албум со шест англиски и три преработки на стари песни до крајот на годинава

Фондацијата најави дека конечно ќе се прави остојното спомен обележје на вечното почивалиште на Тоше на Гумење. Обезбедени се средства од државниот буџет.

Елизабета Митреска