Почнува фестивалот за млади „Џифони Македонија“

18.10.2017 14:27

Со проекција на филмот „Ловец на муви“ во режија на Изер Алиу вечер во киното „Милениум“ ќе биде отворен петтиот Фестивал за млади „Џифони Македонија“.

Над 700 млади на возраст од десет до осумнаесет години од 14 држави од Европа ќе учествуваат на 5-тото издание на фестивалот „Џифони“. Од 18-ти до 23-ти октомври, покрај филмската програма ќе има театар, музика, танц и средби со познати личности. Годинашното издание ќе биде отворено со прикажување на филмот „Ловец на муви“ на Изер Алиу.

Секоја година се избира и група млади од Македонија кои ќе учествуваат на најголемиот филмски фестивал.

Организаторите велат дека целта на филмскиот фестивал „Џифони“ е одговорно и внимателно да ги насочи младите по патот на когнитивниот развој, да им понуди различни инструменти за комуникација и изразување со врсници од различни училишта, земји и култури.

Александра Спировска