Прстен на Гоце Делчев

04.11.2013 14:11

Катерина Нурџиева-Делчева, е внука на Гоце Делчев и сегашен сопственик на неговиот прстен со чиј отпечаток во црвен восок Делчев заверувал документи. Овој прстен таа ќе го подари на штипскиот универзитет кој го носи името на нашиот истакнат револуционер. 
 
Катерина Нурџиева – Делчева  прстенот на Гоце Делчев го поседува од нејзиното полнолетство до ден денешен. И` го дала нејзината мајка, Велика Христова-Трајкова,а а пак нејзе и го дал лично Гоце за да го чува.
 
Тамер Јамаковски историчар

Неколкукратните посети на претставници на Универзитетот Гоце Делчев од Штип во домот на Катерина Нурџиева Делчева, која живее во Благоевград, Република Бугарија, меѓу останатото резултирале и со идејата, таа да го подари прстенот на нашиот истакнат револуционер, на штипскиот универзитет кој го носи неговото име.
 
д-р Кирил Барбареев проректор на УГД
 
Прстенот бил направен во Солун, со изгравирано име на Гоце Делчев. Тој го носел  на малиот прст од десната рака, а отпечатокот го користел за со црвен восок да заверува документи значајни за македонската историја. Прстенот ќе се наоѓа во спомен собата која се подготвува во зградата на некогашното училиште во штипско Ново Село, каде Делчев учителствувал две години.
 
д-р Кирил Барбареев проректор на УГД
 
Инаку, во оваа зграда ќе се наоѓа ректоратот на штипскиот универзитет.