Играна серија

ПАД

Петок, 22:20
Премиерен сериски филм од три сезони 
В. Британија, 2013
Режија: Ален Кјубит
Улоги: Џилијен Андерсон, Џејми Дорнан, Џон Линч, Арчи Панџби
Жанр: драма/ трилер
 
Добитничката на наградата „Еми“ и на „Златен глобус“, Џилиен Андерсон ја игра главната улога во овој напнат психолошки трилер за двајца „ловци”. Едниот од нив е масовен убиец кој напаѓа случајно одбрани жртви, а другиот ловец е успешна и амбициозна инспекторка чија задача е да го фати убиецот. Во почетокот, тимот во Белфаст не ја прифаќа најдобро, но со текот на времето таа успева да докаже дека одлично ја познава психологијата на масовните убијци и знае што треба да прави.
 
Откривајќи како работи модерна екипа од врвни истражители, кога се соочуваат со ноќен кошмар на секој полицаец, оваа интригантна серија повеќе изгледа  како игра меѓу мачка и глушец отколку на класичен криминалистички заплет. Како што се одвива дејствието, ловот по убиецот станува повозбудлив, а истражителските способности на инспекторката Гибсон се пред големо искушение.