Рускиот кандидат за Оскар „Белиот тигар“ во Македонија

Недела на руски филмови

04.11.2013 14:28

Еден од најистакнатите руски режисери Карен Шахназаров гостува во Скопје, по повод ревијата на негови филмови што ја организира Филмскиот фонд на Македонија и руската амбасада во земјава. 
Еден од најистакнатите руски режисери Карен Шахназаров гостува во Скопје, по повод ревијата на негови филмови што ја организира Филмскиот фонд на Македонија и руската амбасада во земјава. 
Македонската јавност ќе има можност да го гледа Рускиот кандидат за Оскар „Белиот тигар“, на еден од најистакнатите руски режисери Шахназаров. Филмот ќе биде прикажан во склоп на ревијата на руски филмови во 15 градови низ земјава опремени со дигитални проектори. Режисерот Шахназаров се надева дека неговите филмови ќе дадат посебен придонес во развојот на културните врски меѓу Македонија и Русија.
Карен Шахназаров, режисер од Русија 
Истакнатиот режисер карен Шахназаров ќе ги донира своите филмови во Кинотеката на Македонија, со што ќе се овозможи и во иднина да бидат достапни за публиката.
 
 Мими Ѓорѓоска Илиевска, директор на кинотеката на Македонија
 
Филмовите “Исчезната империја”, “Јавачот наречен смрт”, “Палата број 6”, “Љубов во СССР”, “Ние од Џезот”, “Отрови” и “Град Зеро”, ќе има можност да ги погледне македонската јавност. Филмовите на Шахназаров учествувале на бројни престижни фестивали и освоиле повеќе од 20 признанија и номинации.