100 милиони евра за подобрување на општинската инфраструктура во земјите на Западниот Балкан

04.11.2013 14:49

Со Фонд од 100 милиони евра ЕБРД и КФВ ќе ја подобруваат општинската инфраструктура во земјите на Западниот Балкан

Европската банка за обнова и развој  и германската КФВ , со заеднички напори, ќе основаат Фонд за подобрување на општинските инфраструктури во земјите на Забадниот Балкан. Фондот  финансиски ќе го поддржат Владите на Германија и на Швајцарија и ќе  располага со капитал од околу 100 милиони евра ,од кои 40 ќе обезбеди ЕБРД. Таканаречениот МИДФ  фонд ќе биде фокусиран на : Македонија, Албанија,Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија .Износот на заемите ќе се движи од 100 илјади до најмногу 5 милиони евра .Фондот ќе соработува со локалните комерцијални банки  и ќе биде фокусиран кон малите и средно големите општини кои имаат ограничени  можности за подготвување  посериозни инфраструктурни проекти.Обезбедена е и техничка помош во износ од 7 милиони евра со која ќе се  подобри   капацитетот на барателите и на банките партнери во проектот .