Долгот на „Повардарие“ може да се исплати за два месеца

09.11.2017 10:30

Винарската визба „Повардарие“ на лозарите треба да им плати скоро еден милион евра. Според менаџерите од оваа винарија со продажбата на залихите на виното до крајот на годинава ќе можат да го исплатат повеќегодишниот долг за откупеното винско грозје.

Винарската визба  „Повардарие“ целосно ќе го исплати долгот кон лозарите во наредните два месеци. Вакво ветување дал менаџментот на визбата како резултат на тоа што имаат залихи за извоз од чија што продажба ќе се реализира исплатата на долговите кон лозарите.

Со овие средства ќе треба да бидат целосно платени прите на лозарите за превземеното грозје за 2014, 2015 и за 2016 година.

Ова го потврдил и Државниот инспекторат за земјоделство, кој извршил контрола и утврдил дека визбата има залихи на вино.

Од Министерството потврдуваат дека е издаден документ со кој се одобрува продажбата на вино, но подуслов со тие финансиски средства да бидати сплатени лозарите.

Долгот на „Повардарие“  беше 3,5 милиони евра, а сега изнесува околу еден милион евра.

 

Методија Трајков