НАТО ќе формира центар за кибернетички операции

09.11.2017 10:37

На состанокот за министри за одбрана во Брисел, земјите-членки на Алијансата договорија и создавање на два нови командни центра, кои би ја штителе Европа во случај на воен конфликт со Русија.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг најави формирање на Центар за кибернетички операции. На состанокот за министри за одбрана во Брисел, земјите-членки на Алијансата договорија и создавање на два нови командни центра, кои би ја штителе Европа во случај на воен конфликт со Русија.

Едниот е надлежен за подобрување на транспортот на воените единици, а вториот за заштита на поморските релации меѓу Европа и Северна Америка.