Додик: Србија и Република Српска се едно

09.11.2017 11:45

Додаде дека се потребни корекции и кон српската територија да се припојат делови кои се витални за функционирање на сообраќајната инфраструктура на земјата.

Србија и Република Српска се едно и затоа воопшто не е важно каде ќе биде повлечена формалната граница, изјави претседателот на српскиот ентитет во Босна и Херцеговина, Милорад Додик.

Додаде дека се потребни корекции и кон српската територија да се припојат делови кои се витални за функционирање на сообраќајната инфраструктура на земјата.

Изјавата на Додик следи по најавата на Белград дека до крајот на годината ќе биде утврдена границата.