Работниците на „Фени“ го блокираа патот Градско- Прилеп

09.11.2017 12:27

Во присуство на полицијата се пропуштаа само итните случаи. Од АМСМ соопштија дека сообраќајот е нормализиран.

Изутрината околу 850 работници на „Фени“ го блокираа магистралниот Градско- Прилеп со барање компанијата да не оди во стечај. Во присуство на полицијата се пропуштаа само итните случаи. Од АМСМ соопштија дека сообраќајот е нормализиран.

Предлогот за стечај го поднесоа Комерцијална банка, Стопанска банка Скопје и Силк Роуд банка како најголеми доверители кои имаат побарувања од 40 милиони евра. Уште 20 милиони „Фени“ должи кон други доверители.

Од Синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството, претходно најавија дека очекуваат до 13-ти ноември да се најде решение за компанијата.

Претставниците на синдикатот на „Фени индустри“, градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и пратеникот Панчо Минов на средба со вицепремиерот Кочо Анѓушев. Сѐ уште нема детали дали нешто е договорено.