Колумбија: Запленети рекордни 12 тони кокаин

09.11.2017 14:18

Дрогата била откриена во четири паралелни рации во северозападна Колумбија, во кои учествувале 400 полициски офицери. Вредноста се проценува на 350 милиони долари...

Колумбиската полиција заплени над 12 тони кокаин со што вкупното количество за оваа година изнесува 362 тона. Дрогата била откриена во четири паралелни рации во северозападна Колумбија, во кои учествувале 400 полициски офицери.

„Ова е историска заплена. Во последните 40 години, колку што трае нашата борба против шверцот со дрога, не сме успеале да конфискуваме вакво количество. Зборуваме за повеќе од 12 тони кокаин“, изјави Хуан Мануел Сантос , претседател на Колумбија.

Вредноста се проценува на 350 милиони долари. Министерот за национална одбрана ја поврзува пратката со нарко-картелот познат како Заливскиот клан, нова паравоена група која е дел од вооружениот конфликт на Коломбија.