Граѓански здруженија ќе работат на вклученост на Ромите во образованието

09.11.2017 14:51

Со 50 илјади евра од европските фондови граѓански здруженија ќе работат на вклученост на Ромите во образованието. За проeктот се предвидени од 2.500 до 5.000 евра. Целта е да се зајакне граѓанското општество за подобра промоција на правата на децата Роми...

Пред дестина години имало 20 – 30 роми студенти, сега има околу 400, тоа е резултат на Декадата на Ромите и Стратегијата за инклузија на Ромите, велат од невладините. Со нов проект поддржан со 50 илјади евра од европските фондови граѓанските здруженија во Макединија ќе продолжат да работат на вклучување на деца Роми во образовниот процес.

Повикот за аплицирање за проектот „Градење на посилно граѓанско општество за поттикнување на напорите за унапредување на образовната инклузија на Ромите“ќе биде отворен еден месец, до 13 декември.

Од граѓанските здруженија велат  за да се обезбеди системско решение на проблемот со Ромите неопходно е да се унапреди соработката меѓу граѓанскиот сектор, институциите и локалните власти.

 

Наташа Јанчиќ