Шеќеринска: Македонија ќе го зголеми своето учество во Авганистан за 20 насто во 2018-та

09.11.2017 15:07

Ова е доказ за посветеноста на земјава за членство во Алијансата, изјави министерката за одбрана Шеќеринска, по состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.

Македонија ќе го зголеми своето учество во Авганистан за 20 насто во 2018-та година. Ова е доказ за посветеноста на земјава за членство во Алијансата, изјави министерката за одбрана Шеќеринска, по состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.

И натаму нашата цел е Македонија да стане 30-та земја членка на Северноатланската алијанса. Ова Шеќеринска го побарала на средбите со првите луѓе на НАТО и на министрите за одбрана на САД, Германија, Норвешка и Италија.