Државна безбедност

Трибина: Реформи во УБК

09.11.2017 15:15

Кој е најсоодветниот модел за реформирање на државната безбедност? Како да се заштити независноста на разузнавачката информација од политичкото влијание? За ова дебатираа најповиканите од оваа чувствителна област...

Најприфатлив модел за следење на комуникациите е преку формирање независна агенција во делот на техничката улога на процесот- вели првиот човек на УБК, Горан Николовски. Според него, до извршување на наредбата ќе следуваат повеќе чекори- од УБК, преку Обвинителството и Врховниот суд до новоформираната агенција.

Според безбедносната фела, значајно е понудениот модел да биде целосен, да се обезбеди демократска и цивилна контрола, политичките партии да ги тргнат алатките кои ги нудат државната безбедност и разузнавањето, да се обезбеди координација.

Професорот Батковски посочи дека Македонија мора да формира Совет за национална безбедност по моделот на САД. Безбедносно- разузнавачлкиот систем мора да биде ефикасен.

Мораме и можеме да ги искористиме добрите европски практики, рече ресорниот министер Спасовски, за да создадеме систем без политичко влијание.

Надлежните веруваат дека новиот Предлог- закон за реформи во УБК ќе биде готов до крајот на годината.

 

Наташа Гркова- Петрушевска