Вајгл на средби со партиите во Собранието

09.11.2017 15:01

Словенечкиот европратеник Иво Вајгл има средби во Собранието со претставниците на партиите застапени во македонскиот законодавен дом...

Известителот на Европскиот парламент за Македонија, словенечкиот европратеник Иво Вајгл има средби во Собранието со претставниците на партиите застапени во македонскиот законодавен дом.

Вајгл денеска ќе се сретне со претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, и со координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, и на БЕСА, Африм Гаши, како и со Мерал Узеири Ферати од ДПА.

Утре претпладне, во Собранието, Вајгл ќе има средби со координаторот на СДСМ Томислав Тунтев, на ДУИ Ејуп Алими, со Сурија Рушиди од Алијанса на Албанците.

Вајгл треба да ја сондира состојбата со спроведување на реформите зацртани во извештајот на Прибе.