ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Спасовски сакаат да го заштитат криминалот

09.11.2017 15:42

Министерот излезе со информација дека убиец на Мартин Јанушев бил еден човек, а проблемот е што тој човек сѐ уште не е уапсен, велат од опозицијата.

Социјалдемократите преку министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски сакаат да го заштитат криминалот, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Министерот излезе со информација дека убиец на Мартин Јанушев бил еден човек, а проблемот е што тој човек сѐ уште не е уапсен, велат од опозицијата.

„Проблемот е тоа што 30 минути после грозоморната јавна егзекуција на Јанушев сите знаеја кој е сторителот, а полицијата не презеде ништо. Проблемот е во тоа што убиецот и неговите помагачи сѐ уште се на слобода. Оливер Спасовски најмалку што можеше вчера е да каже каде е убиецот во моментов и зошто не е уапсен? Дали е во земјава или избегал надвор? Како избегал и кој му помогнал?“, изјави Александар Нацев од ВМРО- ДПМНЕ.

Нацев порача дека време е Оливер Спасовски да си даде оставка.