Вајгл: Очекувам само добро кога сум во Скопје

09.11.2017 16:23

Словенечкиот европратеник и известитетл во ЕП за Македонија, Иво Вајгл на средби во Собранието со спикерот и претставници на партиите...

Известителот на Европскиот парламент за Македонија, словенечкиот европратеник Иво Вајгл на средби во Собранието со спикерот и претставници на партиите.

„Би сакале да разговараме за проектот „Жан Моне“ на Европскиот парламент, што значи подигнување на дијалогот на политичките играчи во Македонија и интеракција со парламентарците од Европскиот парламент. Очекувам само добро кога сум во Скопје“,рече кусо Вајгл во изјава за медиумите.

Вајгл имаше средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери, а попладнево ќе има средби и со координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, на БЕСА Африм Гаши, како и со Мерал Узеири Ферати од ДПА.

Европратеникот се сретна и со претставници на проектот „Поддршка на Собранието во спроведувањето на реформите“ на Програмата на ЕУ за реформи во Македонија“.

Утре претпладне продолжуваат неговите средби со координаторот на пратеничките групи на СДСМ Томислав Тунтев и на ДУИ Ејуп Алими, како и со Сурија Рушиди од Алијансата на Албанците.