ФАО

Цените на храната во октомври пониски на светско ниво

10.11.2017 10:21

Во октомври цените на храната на светските пазари биле помали во споредба со претходниот месец, пресметале експерѕите од ФАО, односно Светската организација за храна. За житата пак, според нивните проценки, ќе има рекордни приноси.

Цените на храната во светот во октомври се намалени во споредба со претходниот месец. Поевтини биле сите прехранбени производи, освен житарките.

Индексот на цените на Организацијата за храна и земјоделство ФАО, која ги мери месечните промени на цените е за 1,3 отсто помал во однос на септември.

Во кошницата влегуваа житните и маслодајните растенија, млечните производи, месото и шеќерот.

На пазарот на житарките, не би требало да има промени, а на глобално  ниво производство треба да ја надмине минатогодишната рекордна  жетва со ожнеани 2,60 милијарди тони, проценува ФАО.

Сепак во глобала, цените на храната во просек и натаму се повисоки за 2,5 проценти од лани.

 

Методија Трајков