ЕК: Македонија со раст од 1,7% годинава, во 2018-та 2,7%

10.11.2017 10:37

Следната година растот треба да достигне 2,7 насто, а и да се намалува стапката на невработеност на 21,4 насто, предвидуваат европските статистичари.

Европската комисија во најновиот есенски економски извештај предвидува дека земјава  годинава ќе ја заврши со економски раст од 1,7 насто. Како причини за намалувањето се последиците од продолжената политичка криза по што Европската комисија очекува враќање на инвеститорите. Следната година растот треба да достигне 2,7 насто, а и да се намалува стапката на невработеност на 21,4 насто, предвидуваат европските статистичари.

Европската комисија има оптимистички прогнози за развојот на македонската економијата и очекува на растот на БДП најмногу да влијае домашната побарувачка и потрошувачка. Позитивно влијание ќе има и зголемувањето на минималните плати, како и јавните инвестиции.

Економскиот раст, според Комисијата, може повторно да биде забавен во случај на повторно влошување на политичката ситуација која, како што оценува, останува кревка, но сепак, ризикот за тоа сега е многу помал отколку во првата половина од годинава.